Средба Сиљановска Давкова-Де Кро: Белгија со поддршка за македонските евроинтеграции
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите биле македонските аспирации за членство во Европската Унија.
Белгискиот премиер Де Кро истакнал дека нашата држава може да смета на силна белгиска поддршка, затоа што според официјален Брисел, земјата направила огромен напредок и сега на ред е Европската Унија да стори нешто.
Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги добрите и пријателски односи меѓу двете држави, ја изразила потребата од интензивирање на комуникацијата на високо и на највисоко ниво.
Во контекст на пристапниот процес кон Европската Унија, претседателката Сиљановска Давкова посочила на потребата од отворање на преговорите за членство, со цел мобилизација на институциите и фокус на реформите и стандардите, особено на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Претседателката Сиљановска Давкова го нагласила очекувањето од македонска страна за фер процес на пристапување во ЕУ кој ќе ја почитува националната гордост на нашите граѓани и ќе се води на начин што длабоко не го вознемирува нивното чувство за национален идентитет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор