Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
Продолжување на билатералниот дијалог и брзо решавање на отворените прашања , вакви пораки си размениле македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев кои повторно седнаа на маса. Средбата се случила на маргините на Конференцијата за климатски промени во Баку. И двајцата го потврдиле пријателскиот тон и повикале на одржување на политичкиот дијалог меѓу двете страни.
Пријателскиот тон по средбата Радев го замени со порака Македонија да не ја губи историската шанса. Во изјава за бугарските медиуми испрати порака до македонската влада да го задржи тонот кој го користи Силјановска и а обврската за внесување на Бугарите да се заврши.
За неколку месеци ова е трета средба на двајцата претседатели. Силјановска му порача дека вратите во Скопје му се отворени и го покани на официјална посета на Македонија.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар