Македонија
29. October 2015 - 8:53

Средба во ДПМ за 80 години од раѓањето на Живко Чинго

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе биде одбележана 80-годишнина од раѓањето на Живко Чинго, еден од најзначајните писатели на современата македонска литература.

На средбата што ДПМ ја организира во соработка со Институтот за македонска литература и Македонскиот ПЕН центар, за творештвото на Чинго ќе зборуваат  Веле Смилевски, Маја Јакимовска Тошиќ, Јасмина Мојсиева Гушева и Ермис Лафазановски.

Живко Чинго (1935-1987) со своето творештво како раскажувач и романсиер одбележа еден од магистралните текови во македонската литература.

Автор е на збирките раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, „Пожар“, „Вљубениот дух“, „Гроб за душата“ и „Бунило“, како и на романите „Големата вода“, „Сребрени снегови“ и „Бабаџин“.

Живко Чинго создаде и низа впечатливи драмски дела, меѓу кои: „Ѕидот, водата“, „Образов“, „Кенгурски скок“ и „Макавејските празници“