-->
-->
Средбата Ковачевски-Мишел презакажана за утре
-->
Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски требаше попладнево да се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, средбата е одложена за утре во 9 и 30 часот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Информацијата ја потврдија од Европскиот Совет за МИА.
Средбата помеѓу премиерот Ковачевски и шефот на Европскиот Совет беше одложена поради лични причини на претседателот Мишел.
Ковачевски утре, исто така, има состанок со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Вечерва тој ќе се сретне со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025
-
Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Од денеска до петок во Србија повик за бојкот на пет големи трговски синџири поради високи цени
-
Во штипскиот Основен суд почнува судењето на Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева
-
Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март
-
Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на Америка