Македонија
20. November 2016 - 12:51

Средби на министерот Јолевски на форумот во Халифакс

Министерот за одбрана Зоран Јолевски за време на учеството на Безбедносниот форум во Халифакс, Канада оствари повеќе средби со негови колеги министри за одбрана, сенатори, членови на Канадскиот парламент.

Министерот Јолевски, информираат од неговиот Кабинет, имаше одвоени средби со министерот за одбрана на Канада Синг Саџан, министерот за одбрана на Естонија Ханес Хансо, министерката за одбрана на Босна и Херцеговина Марина Пендеш, како и со министерот за безбедносните сили на на Косово Хаки Демоли. Исто така, се сретна и со американската сенаторка Џин Шахин, како и со повеќе истакнати личности од американскиот и канадскиот политички естаблишмент.

За време на престојот во Халифакс министерот Јолевски имаше обраќање на средбата посветена на иднината на мировните операции на ОН, која ја организира канадскиот министер за одбрана Саџан, а главни говорници беа британскиот секретар за одбрана Мајкл Фалон и потсекретарот за мировни операции на ООН Харве Ладсу.

Министерот Јолевски на последниот ден од Безбедносниот форум Халифакс ќе говори на панелот: „Додека бегалците ги преминуваат границите, државите си ја префрлаат топката“.