Средби на претседателот на Собранието во рамки на посетата на Украина
Претседателот на Собранието Јован Митрески, кој престојуваше во Украина по повод двегодишнината од руската агресија, остварил средби со неколку државници, соопшти собраниската прес-служба.
Вчера во Киев, Митрески остварил средба со Валериј Зуб, претседател на Групата на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарна соработка со Република Северна Македонија.
На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, двајцата соговорници изразиле задоволство што во изминатите години во голема мера била унапредена соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Врховната Рада на Украина. На средбата, како што се посочува, се разговарало и за можностите за унапредување на меѓупарламентарната соработка, а особено соработката меѓу двете парламентарни групи за соработка, кои и досега биле активни со бројни остварени средби и меѓусебни посети.
На специјалната седница на Врховната рада на Украина, Митревски остварил поздравна средба и со премиерот на Белгија, Александер де Кроу.
Во рамки на посетата на Украина, Митрески остварил посета и на Киевско-печерската Лавра и положил цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки