-->
-->
Средби Николовски - Груби за владин договор
-->
Продолжуваат консултациите и работата на ниво на генерални секретари na СДСМ Љупчо Николовски и на ДУИ Артан Груби викендот, информираат од двете партии за владините преговори.
„Се работи на предлог програма за работа на евентуалната идна Влада, како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат. Доколку има какви било новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста", велат преговарачките тимови.
Нема детали за точната агенда на Николовски и Груби. Неофицијално, проценките се дека конечен договор со поделба на ресори и кадри треба да се очекува наредната недела.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
