Македонија
21. February 2024 - 16:55

Среде молк за претседателските, кампања за парламентарни избори - Дали ДИК ризикува многу приговори?

Молк за претседателските, кампања за парламентарните избори – како тоа ќе изгледа?

Државната изборна комисија пресече  - од полноќ 22 април до 19 часот 24 април ќе биде предизборен молк за првиот круг од претседателските, но изборна кампања за параламентарните избори.  Од највиското изборно тело велат дека не можат да отстапат од роковниците согласно Изборниот законик. Но, затоа пак, бараат партиите доследно да ги почитуваат правилата и ден пред првиот претседателски круг и на денот на гласање да не тераат кампања во која ќе ги споменуваат своите претседателски кандидати.

Но, ова пак, значи дека на само 150 метри од гласачкото место, партиите повикувајќи се на парламетнарните избори слободно можат да тераат кампања со гласачи на изборен ден.

Партиите не гледаат проблем. Власта и опозицијата се согласни со ваквата одлука на ДИК.

Порнешниот претседател на ДИК Новаковски, пак, се сомнева дека ќе можеме да се потпреме на политичката култура и бара да се најде начин за прекин на кампањата во тој ден и половина.

Преклопување на избори имаше и во 2014 година, но тогаш Изборната комисија се одлучи за поинаков пристап – прекин од два дена во кампањата за вонредните собраниски избори за време на молкот за претседателските.