-->
-->
Средношколци од Македонија на средби со европратеници во Брисел
-->
Триесетината средношколци од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве се во посета на Европскиот Парламент во Брисел денеска остварија средби со Манфред Вебер, кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија и со европратеникот од пратеничката група ЕНП/ГЕРБ, Андреј Ковачев.
Како што информира директорот на делчевската гимнаизија, Љупчо Прачковски, главна тема на овие средби биле придобивките од зачленувањето на Македонија во Европската Унија и отворањето поголема перспектива на младите кои својата иднина треба да продолжат да ја градат во европска Македонија.
– За Брисел замина првата група наши одлични ученици, кои првпат имаат можност да го видат Парламентот на Европската Унија и да се запознаат со работата на ова највисоко демократско тело во Европа. Со учениците е и професор кој што предава за Европската Унија. Оваа посета на Европскиот Оарламент за нас како гимназија претставува голем чекор, заради тоа што учениците ќе се здобијат со нови знаења и на лице место ќе се запознаат со европските институции. Сите овие млади луѓе подоцна ќе имаат можност тоа да го презентираат и кај нас и пошироко кај останатите ученици, рече Прачковски.
Оваа посета се реализира на покана од потпретседателот на Европската народна партија и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и на иницијатива на делчевецот Венци Димитровски, кој обезбеди финансиска поддршка за патувањето преку Фондацијата „Бугарско сеќавање“ од Софија на д-р Милен Врбевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ

