Македонија
9. December 2020 - 14:15

Средношколците бараат наместо четири да полагаат два предмети на државна матура

Министерството за образование и наука не го прифати предлогот на средношколците да полагаат два наместо четири предмети на државната матура.

Олеснителна околност е што матурантите ќе имаат лесни прашања на државната матура за материјалот кој го изучувале преку далечинско учење, вели претседателот на Созујот на средноколци Бленди Ходаи.

Тој рече и дека протести засега не се во опција, бидејќи сакаат инситуционално да го решат проблемот.

Претходно министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека матурата е задолжителна и ќе се спроведе во законски рок, ако ситуацијата со пандемијата остане како што е сега.

 

Елена Милошевска