Средношколците постигнаа договор со власта
Средношколците на матурата ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети. Дополнително идните студенти ќе треба да изработат и проектна задача. Испитот се поместува за една недела. Наместо на 29ти мај, матура ќе се полага на 5ти јуни. Со цел учениците да имаат опција да ги променат своите испити, ќе можат повторно да ги регистрираат предметите најдоцна до 5ти март.
Премиерот Зоран Заев рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение за квалитетна матура која ќе му овозможи на секој матурант да може да се запише на факултет во државата и во странство.
Лидерот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи, пак рече дека го добиле заслуженото внимание од институциите и постигнале договор кој ги штити интересите на сите ученици.
Допрво треба да се формира и работна група меѓу Бирото за развој на образованието од МОН и претставници на Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерните испит.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
