Бизнис
6. February 2018 - 8:51

Средства од ИПА за зголемување на конкуретноста и за граѓанскиот сектор

Во Скопје денеска ќе биде промовиран нов грант проект од ИПА 2013 наменет за имплементација на проекти за зголемување на конкуретноста и за зголемено учество на граѓанскиот сектор во реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ.

Вкупната вредност на средства одобрени за двете компоненти изнесува околу 3,18 милони евра. 

Промоцијата ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот, а најавено е обраќање на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо  Анѓушев и на Никола Бертолини од Делегацијата на Европската унија.