-->
-->
Срна усмртена од возило на автопатот Тетово-Скопје
-->
Срна била усмртена од возило додека се движела по автопатот Тетово-Скопје, а при судирот повредена е и сопатничка во автомобилот, информира денеска СВР Тетово.
-Вчера во 17 часот и 30 минути, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на исклучувањето за Групчин, патничко моторно возило „рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
По пријавата на случајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација