Балкан
5. September 2017 - 8:38

Српска листа ќе го поддржи Рамуш Харадинај за премиер на Косово

Партијата Српска листа нема да го блокира формирањето на новите институции на Косово. Лидерот на партијата, Горан Ракиќ изјави дека поддржуваат секого кој го има потребниот број во Парламентот на Косово.

- Нема да го блокираме формирањето на институциите на Косово. Не сме изјавиле и не сме на ниту една страна, ние ќе ги поддржиме оние кои го имаат потребнот број, истакна Ракиќ.

Српска листа на предвремените парламентарни избори одржани на 11 јуни освои девет, од загарантираните десет пратенички места за српската етничка заедница во Косово.

Според медумите, на партијата, како дел од новата владина коалиција и биле ветени три министерски места.

Откако Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, вчера попладне потпиша коалициски договор со коалицијата ПАН, составена од Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, се очекува да заврши тримесечната блокада за формирањето на косовските институции.

На изборите партијата на Пацоли,еден од најбогатите Албанци во светот, беше дел од коалицијата ЛАА, во која беше и Демократскот сојуз на Косово и партијата Алтернатива.