Српска листа: За нас не постои демаркација на границата
Српска листа ги отфрли сите инсинуации за наводно пазарење на нивни пратеници во врска со демаркација на границата со Црна Гора.
- За Српска листа темата за така наречена демаркација воопшто не постои, ниту не интересира тоа прашање, и со него нека се занимаваат албанските парти во согласност со нивните политички програми, се посочува во соопштението на партијата.
Статусот на Трепча, посебно оној нејзин дел кој се наоѓа на територијата на општина со српско мнозинство, е договорен со коалицискиот договор за учество на Српска листа во власта.
- Ние никого не уценуваме, ниту дозволуваме некој да не уценува, од коалициските партнери очекуваме коректен однос и почитување на политичките договори, кои се основа за функционирање на владејачката коалиција во Приштина, се истакнува соопштението.
Српската листа порача дека не сака да биде инструментализирана на кој било начин, ниту има намера да отстапи од политичките принципи и цели на кои е формирана за да биде ефикасен гарант на правата на српскиот народ на Косово.
Соопштението на Српска листа следеше по пишувањата на косовските медиуми дека извор од кабинетот на претседателот на косовскиот Парламент изјавил оти Српска листа ќе прифати да гласа за Ратификацијата на Договорот за границата со Црна Гора ако Приштина се согласи Белград да стане акционер на косовскиот металуршки комбинат Трепча.
Веднаш по оваа информација се огласи заменик-претседателот на косовската Влада и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли, кој рече дека Српската листа ќе гласа за ратификација на Договорот за демаркација со Црна Гора и тоа без никакви услови.
Пацоли, на овој начин, ги демантираше информациите од Кабинетот на претседателот на Парламентот, Кадри Весели, дека Српската листа ја условува Ратификацијата на демаркацијата со акциите на Трепча.
По изјавата на Пацоли, следеше уште еден демант од Српската листа, со напомена дека партијата ниту условува ниту ја интересира договорот за демаркација, односно дека таква тема за СЛ не постои.
Инаку, Ратификацијата на договорот со Црна Гора, е услов за визната либерализација за патување на косовските граѓани во ЕУ.
Владејачката коалиција трипати неуспешно се обидува да собере мнозинство за гласање.
Ново на Сител
-
Над 300 вработени ја напуштија ХРТ
-
Кешишев: Мислев дека копаме злато, Велибор ми рече никој не треба да знае може да летаат глави
-
СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот