Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе

Според проценките на српската полицијата, на денешните протести на сите локации во Белград, бројот на учесници бил околу 107.000, од кои најголем број се од внатрешноста, а во моментов бројот на учесници континуирано се намалува“, се вели во соопштението на српската полиција.
-Досега нема поголеми инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир, уште еднаш апел до сите учесници на протестот да го зачуваат мирот и достоинството на нашата држава во наредните часови, во духот на граѓанската одговорност и почитување на законите - нагласуваат од полицијата и заклучуваат:
Апсолутен приоритет на припадниците на Министерството за внатрешни работи е безбедноста на сите граѓани, заштитата на јавниот ред и мир, животот и имотот и ќе направат се, во согласност со нивните овластувања, оваа задача да ја извршуваат на највисоко ниво.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
