Српската полиција уапси 28 хрватски навијачи

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ соопшти дека полицијата на автопатот Белград-Ниш запрела повеќе од 400 хрватски навивачи, кај кои при контрола пронашла поголем број дрвени и метални палки, неколку секири, како и помало количество на наркотици.
- Во полициските станици во Ниш и во Гроцка спроведени се 32 навивачи, кои ќе бидат предадени на судиите за прекршоци. Полицијата кај некои од навивачите пронајде и стока која е украдена на една бензинска станица на автопатот кај Врчин или поточно цигари, пијалак и играчки со акцизни марки на Република Србија, изјави Стефановиќ за РТС, кој објасни дека заради дивеењето на бензинската станицача ќе бидат задржани 28 навивачи.
Тие ќе бидат обвинети за непристојно, дрско и безобзирно однесување во група, за што е предвидена затворска казна од 30 до 60 дена.
Повеќе стотици хрватски навивачи патуваа преку Србија за Софија, каде вчера фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит играше реванш натпревар од 2-то коло на квалификациите за Лигата на Европа против клубот Славија, победувајќи со резултат 3:2.
Навивачите го сториле инцидентот на пат кон Софија пред натпреварот, а приведени се при нивното враќање преку Србија за Хрватска.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
