-->
-->
Српски политичар почина во рацете на сопругата: „Нешто ме касна за вратот“…
-->
Владан Марковиќ Чедо (43), познат претприемач и претседател на СНС на Градското собрание во Ужице, Србија, починал во средата вечер, најверојатно поради каснување од инсекти, но семејството не е сигурно дека тоа е причина за трагедијата, бидејќи, како што велат, нема видливи убоди.
Смртта настапила додека тој бил на својот имот во селото Злодол, а Марковиќ берел малини, пишува „Вечерни новости“
-Околу 19 часот тој тргнал дома со сопруга и снаата, забележал дека прасињата излегле надвор од оградата, па со намера да ги врати назад, останал подолго на ливадата, а тогаш се пожалил дека нешто го каснало. Во 19 часот и 20 минути екипа на Брза помош се упатила кон селото, но било предоцна. Пробале да го реанимираат, но за жал не можеле да му помогнат, раскажал директорот на домот за здравство.
-На околу 50 метри од куќата Владан побара чаша вода и се пожалил дека во пределот на главата најверојатно го каснала оса, гледав по телото, но не можев да воочам убод. Потоа седна на земја и почна да му се менува лицето и се онесветил, рекла тетката на починатиот.
-Не знам од што почина брат ми, додека го спремавме телото за погреб не видов никаков убод, не виде ни екипата на брзата помош. Побараа обдукција, но ние не дозволивме, раскажал братот на починатиот.
Почина во рацете на сопругата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!