Српскиот министер за одбрана: Пендаровски да молчи на јазикот кој никој не му го признава, освен Србија
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин реагираше на изјава на претседателот Стево Пендаровски.
Македонскиот претседател запрашан за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека „е против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“.
Вулин му врати со жестока реакција.
„Претседателот на Македонија може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето“, рече Вулин, пренесува РТС.
Ова не е прв пат Вулин да реагира на изјава на шефот на државата. Тоа го стори и минатата година исто така во врска со изјава за Косово и Србија. Тогаш Вулин му порача на Пендаровски да погледне дека во мапата на Голема Албанија се наоѓа и Македонија.
Ново на Сител
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
-

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје
-

15-годишно мoмчe со нoж пробoдeлo врсник во училиште во Ченто
