ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати

Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора.
Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.
Со по 21 човек, колку што налага Законот за јавни собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата која денеска треба да одржи редовна седница.
Од ССМ очекуваат дека ќе наидат на разбирање и посочуваат дека Владата има можност на седницата да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.
- Последната блокада пред Владата е токму поради тоа што ги блокира работничките плати долг временски период за кој вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари. Падна и последниот аргумент на владините претставници кои заедно со газдите го зборуваат континуирано овој период, а тоа е дека македонските работници не биле продуктивни. Македонските работници се премногу продуктивни за платите кои ги примаат или само 17 проценти од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример 24.379 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000 денари е продуктивноста која ја создава работникот за работодавачот, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Со ова, ССМ по протестот одржан на 28 јануари, ги реализира најавените блокади на институциите. Доколку не наидат на разбирање, најавуваат организирање на уште еден протест и генерален штрајк, кој според информациите, ќе биде 24-часовен.
Барањето за зголемување на платите, ССМ го темели на порастот на животните трошоци и порастот на вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка. Ако синдикатот не успее во барањата за зголемување на платите, работниците кои земаат минимална плата во април, според пресметките, ќе добијат зголемување од 1.500 до 1.700 денари.
МИА
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
