ССМ предлага зголемување на минималната плата
Сојузот на синдикати на Македонија смета дека има простор да се зголеми минималната плата која во моментов изнесува 12.165 денари. Пресметките на синдикатот покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата за најмалку 12 проценти.
– ССМ укажува дека во услови кога синдикалната минимална кошница за јануари 2019 година изнесува 32.761,00 денари, а само трошоците за храна изнесуваат 13.621,33 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 проценти од просечната плата во државата, велат од ССМ.
Оттаму додаваат дека согласно Законот, во март треба да се направи усогласување на минималната плата по утврдените критериуми, кое министерот за труд и социјална политика ќе го објави во Службен весник по претходно мислење на Економско – социјалниот совет.
– Сојузот на синдикатите на Македонија е спремен за отпочнување на социјален дијалог во врска со ова предложено зголемување на минималната плата која ќе биде основа за зголемување на платите на сите вработени.
Законот за минимална плата беше донесен на иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите