ССМ со хуманитарна акција за помош на настраданите од невремето

Сојузот на синдикати на Македонија од денеска почнува хуманитарна акција за помош на настраданите во невремето што во саботата го зафати скопскиот регион.
Првично ќе бидат донирани пакети со вода и храна, пелени, санитетски материјали и друга неопходна помош за семејствата од погодените места, а ќе се иницира и акција за собирање финансиски средства.
Претседателот на ССМ, Живко Митрески денеска изрази сочувство до семејствата на настраданите и им посака побрзо закрепнување на повредените.
- Во текот на денешниот ден го формиравме и Кризниот штаб во кој членуваат претседателите на Претседателството на ССМ и ќе настојуваме секој синдикат да се вклучи со волонтери кои ќе работат на терен со што непосредно би се вклучиле во реализација на хуманитарната акција и помош за настраданите, изјави Митрески.
Тој информира дека денеска контактирале и со синдикатите од поранешна Југославија при што добиле уверување дека и тие ќе се вклучат во хуманитарната акција.
- Сакаме на овој најнепосреден начин, ССМ да покаже дека ја афирмираме солидарноста и ги повикува сите хумани луѓе максимално да се вклучат во спроведување на хумантарната акција, рече Митрески.
На меѓународен план Сојузот на синдикати на Македонија планира за ситуацијата во Македонија да ги информира и Европската конфедерација на синдикати и Светската конфедерација на синдикати и да побара соодветна помош со цел да се надминат последиците од елементарната непогода.
Ново на Сител
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
