Македонија
21. January 2025 - 12:36
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
Растат трошоците за живот. Според синдикатите, за да преживее едно четворочлено семејство во јануари, потребни му се 63.252 денари.
Споредено со декември, кошничката е зголемена за речиси 400 денари.
Овие пресметки според првиот човек на ССМ покажува дека трговците ја изиграле државата, но и граѓаните. Храната и пијалоците поскапеле, наместо да поефтинат со новогодишната кошница.
-->
-->