Македонија
11. February 2026 - 13:34

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви

Повредениот возач на автомобилот во сообраќајката кај Белви А.В.(25 години) примен е во Ургентниот хируршки центар на Клинички во 23:54 часот на ден 10.02.2026 г. 

Направени се дијагностички процедури и констатирани се тешки телесни повреди на главата(фрактура  на черепот и мал епидурален хематом).

Задржан е на лекување на Клиниката за Неврохирургија за конзервативен третман.

Моменталната здравствена состојба е стабилна, информираат од Ургентен.