„Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Бугарија на БББ-

Меѓународната бонитетна агенција „Стандард енд Пурс“ ги зголеми долгорочните и краткорочните перспективи на кредитниот рејтинг на Бугарија од ББ+ на БББ-.
Како што соопшти бугарското Министерство за финансии, зголемениот рејтинг е показател за „зајакнатата надворешна позиција на земјата, поттикната од континуираното зголемување на извозот и на заштедите“.
Според „Стандард и Пурс“, драстично се намалени ризиците поврзани со значителна и ненадејна промена на финансиските текови што доаѓаат од странство, а особено од странските директни инвестиции.
Меѓу факторите кои би придонеле за зголемување на кредитниот рејтинг на Бугарија во следните 24 месеци агенцијата ги посочува забрзувањето на економскиот раст, постојаното намалување на ризичните кредити и зголемувањето на довербата во монетарната политика.
„Стандард енд Пурс“ наведува дека за евентуално намалување на бугарскиот кредитен рејтинг во следниот период би влијаеле можните притисоци врз платниот биланс на земјата, пониските перспективи на економскиот раст и влошувањето на состојбата на јавните финансии.
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
