Живот
20. July 2022 - 8:26

Стапалки од диносаурус стар 100 милиони години откриени во југозападна Кина

Стапалки од диносаурус стари 100 милиони години се откриени во југозападна Кина во дворот на ресторан во Лешан, во покраината Сечуан.

Наводите говорат оти неколкуте јами од карпи се всушност отпечатоци на два сауроподи – вид диносауруси кои живееле во раниот Креда-период, вели Лида Ксинг, палеонтолог и професор на Кинескиот универзитет за геологија. Нејзиниот тим во саботата го потврди откритието, користејќи 3-Д скенер.

Сауроподите, познати по долгите вратови и опашки, биле најголеми животни што некогаш оделе на Земјата. Тие можеле да пораснат до големина речиси колку трикатна куќа и биле толку тешки што „земјата се тресела под нив“ како што се движеле.

– Сауроподите кои оставиле траги во Сечуан веројатно биле долги околу осум метри, изјави Ксинг.

Иако многу фосили од диносауруси од Јура-периодот се откриени во Сечуан, пронајдени се многу малку фосили од Креда. Ксинг смета дека второво доба е „златното време на диносаурусите“, а „ова откритие е како парче од сложувалката што го опишува времето на Креда во Сечуан“ и сведочи за различноста на диносаурусите.