Стапи во сила делумно примирје меѓу САД и талибанците
На полноќ во Авганистан стапи во сила делумно примирје меѓу САД и талибанците, кое ќе отвори пат за повлекување на американските војници и постигнување договор, кој, како што најави американскиот државен секретар Мајк Помпео, ќе биде потпишан на 29 февруари во Доха.
Во текот на седумдневниот период на „намалување на насилството“ нема да се извршуваат големи офанзиви.
Договорот за намалување на насилството е резултат на преговорите кои САД и талибанците ги водеа повеќе од една година, а во кои не учествуваа претставници на авганистанската Влада.
Талибански претставници соопштија дека пред потпишувањето на договорот во Доха ќе биде создадена „поволна безбедносна ситуација“ и изразија надеж дека документот ќе биде темел за воспоставување мир во земјата и повлекување на странските војски.
Помпео истакна дека мировниот договор на крајот ќе доведе до траен прекин на огнот.
Ново на Сител
-
„Река“ кај Бит Пазар | ВИДЕО
-
Падната ограда од надвозник врз автомобили во Автокоманда
-
Поплавени 50тина куќи, пожарникарите бараат исклучување на струјата во Тетово
-
ЦУК: Над 200 пријави за оштетени возила на автопатот Скопје - Тетово
-
Невремето во Скопје предизвика прекин на електричната енергија во Собранието
-
Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повтори основните заложби на новата влада, СДСМ изрази сомнеж дека ветеното ќе се реализира
-
Продолжи собраниската седница за избор на новата влада