Стапи во сила првиот Договор меѓу Ватикан и Палестина

Првиот Договор меѓу Ватикан и Палестина, кој Израел го нападна како контрапродуктивен за мировниот процес на Блискиот Исток, денеска стапи во сила, соопшти Светата столица.
Двете страни меѓусебно се известија дека се исполнети процедуралните услови за стапување во сила на „сеопфатниот договор“, кој беше потпишан на 26 јуни 2015 година.
- Договорот ги опфаќа клучните апсекти на постоењето и актвностите на Католичката црква во Палестина, а истовремено повторно ја потврдува поддршката за преговарачкиот процес и мирното решение на конфликтите во регионот, се наведува во соопштението од Ватикан.
Договорот е потпишан две години откако Ватикан ја призна Палестина како суверена држава.
Договорот содржи одредби за заштита на правата на христијаните како модел за другите арапски и муслимански земји. На поширок план договорот се смета како симбол на растечката меѓународна поддршка за палестинска држава.
Израел оцени дека договорот е постигнат прерано и оти е контрапродуктивен за продолжување на директните преговори.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
