-->
-->
Стапката на невработеност падна на 16,6 отсто
-->
![]()
Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2019 година падна на 16,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци бројот на невработени лица во овој квартал изнесува 161 242 лица. Активното население во четвртиот квартал брои 968 604 лица од кои вработени се 807 362 лица.
Во првиот квартал од 2019 година стапката на невработеност изнесуваше 17,8 отсто, во вториот 17,5 отсто и во третиот 17,1 отсто.
Податоците покажуваат дека во 2019 година, активното население во Република Македонија изнесува 964 014 лица, од кои вработени се 797 651, а 166 363 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.2, стапката на вработеност 47.3, додека стапката на невработеност изнесува 17.3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
