Стармер и Трамп со различни позиции за Гренланд, но согласни за одвраќање на Русија на Арктикот

Британскиот премиер Кир Стармер денеска разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп по прашањето за евроатлантската безбедност и потребата од одвраќање на сè поагресивната Русија на Арктикот, се наведува во соопштението на портпаролката на британската Влада.
Стармер му пренел на Трамп дека европските партнери во последните месеци силно се ангажирале за заштита на евроатлантските интереси, но истовремено забележал дека може да се направи уште повеќе за безбедноста на овој регион, додаде портпаролката.
Двајцата лидери разговарале и за Гренланд, за заедничките напори на двете земји во задржувањето на танкерот „Маринера“, за напредокот во мировните преговори за Украина, како и за американската операција во Венецуела.
Во однос на Гренланд, Стармер изјавил дека цврсто стои зад Данска по прашањето за заштитата на територијата, подвлекувајќи дека никој друг не треба да одлучува за нејзината судбина, откако американскиот претседател претходно посочи дека островот му е потребен на САД од безбедносни причини.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
