Кошарка
19. May 2021 - 11:25

Стартува разврската за шампионската титула

Денеска се играат првите четвртфинални натпревари од плеј-офот за шампионската титула. Осум екипи, секоја од нив со свои очекувања, тргнуваат во трката за најголемата награда – државен првак.
 
Двојките во оваа фаза се исти како во четвртфиналето од Купот кое се играше во изминатиот викенд, а ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“, и по забрзан ритам, среда-петок-недела.
 
КОШАРКА – МАЖИ   ПЛЕЈОФ - 1/4 ФИНАЛЕ  (ПРВ  НАТПРЕВАР)
 
17.00  РАБОТНИЧКИ (2) –  ТФТ (7)    17,00 
17.00  ЕУРО НИКЕЛ (3) –  ГОСТИВАР (6)   17,00 
18.30  ПЕЛИСТЕР (1) –  АКАДЕМИЈА ФМП (8)   18,30  
20.00  МЗТ СКОПЈЕ А.  (4) –  КУМАНОВО (5)   20,00 
• 1/4 финале, 19.05.2021 (среда), 21.05.2021 (петок) и 23.05.2021 (недела),
 
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ:
1-4  Пелистер / Академија ФМП  -  МЗТ Скопје А. / Куманово
2-3  Работнички / ТФТ  -  Еуро Никел /  Гостивар
• 1/4   и  1/2  финале во две (2) добиени  
 
• финалето во три (3) добиени.