Балкан
3. July 2016 - 12:12

Стартуваа заедничките албанско-косовските полициски патроли

Согласно договорот на полициите на двете земји, по албанските патишта почнаа да патролираат заеднички албанско-косовски патроли, јави дописникот на МИА од Тирана.

Заедничките патроли во текот на овој и месец август, кога е шпицот на туристичката сезона, ќе имаат за цел превентивно да делуваат во насока на побезбедни патишта во земајата, поради зголемената фрекфенција на возила.

На заедничката прес-конференција одржана на гранчниот премин Врмица(премин Морина-Врмица,кај Кукс) Дирекорот на регионалната полиција на Призрен, Неџми Красниќи упати апел до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

- Заедничките контроли се за безбедноста на животот на луѓето, за безбедност на имотот и јас посакувам нашите печалбари и сите учесници да бидат внимателни, да не предизвикуваат прекршоци и несреќи на територијата на Албанија, рече Красниќи.

Првиот човек на секторот за патен сообраќај при албанското Министерство за внатрешни работи Сокол Зефи посака соработката и ова лето да биде успешна, како и до сега.

- Во име на албанската полиција им посакувам добредојде на вашите полициски сили кои се наша поддршка. Убеден сум дека оваа соработка ќе биде успешна и продолжуваме според истите параметри како и до сега, рече Зефи.

Практиката на заеднички полициски патроли, која почна да се применува од 2010 година, според полициските претставници резултирала со добри резулатати во зголемувањето на нивото на безбедност на граѓаните и спречувањето на сообраќајните несреќи,но и други кривични дела.