Стартуваше „Мој Карпош-Моја картичка“
Картичка „Мој Карпош-моја картичка“ што на жители на Карпош им дава можност да користат одредени попусти при користење на услугите во над 250 фирми и компании што работат на територијата на локалната самоуправа: ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но и кај производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси, беше промовирана денеска од Општина Карпош, што го означи стартот на овој проект.
Градоначалникот на општината, Стефан Богоев рече дека со оваа картичката, карпошани од денеска ќе добиваат голем број на попусти и бенефиции во локалите.
– Примарната цел на картичката не е да ја загрози конкуренцијата или да нѐ направи „локал патриоти“. Напротив! Бизнисите нудат попусти и бенефиции во деловите од денот кога можеби немаат голем промет и потрошувачка, а на овој начин ќе се поттикнат потрошувачите да ги посетат токму во тој период. Всушност, се постигнува двојна цел. Задоволни бизниси кои имаат поголема фреквенција и добивка, како и граѓани кои купуваат по пониски цени во одредени периоди од денот, посочи Богоев.
– „Ми-Да Гранд Моторс“ како овластен импортер и претставник на брендот „Форд“ во Македонија, останува посветена на својата мисија за општествено одговорна компанија и на задоволството на клиентите. Одлучивме да се приклучиме кон проектот „Мој Карпош“, картичка за попусти бидејќи сакаме да им овозможиме на граѓаните од нашата општина дополнителни бенефиции и попусти за користење на сервисните услуги кои ги нудиме. Со ова сакаме да им укажеме на граѓаните за важноста на сервисирање на своите возила во официјален сервис, кој работи по светски стандарди со оригинални алати, делови и кадар кој е стручен и професионален, истакна Предраг Николовски, претставник од бизнис секторот од компанија ФОРД.
За картичката можат да аплицираат сите жители на Карпош над 13 години, и тоа или директно во општината, или преку веб платформата www.mojkarpos.mk.
Вакви искуства со користење на бенефицирани картички се користат во повеќе метрополи ширум светот, како Амстердам, во Нови Београд, а во Северна Македонија, за прв пат тоа го прави Општина Карпош.
Картичката „Мој Карпош“ е проект што постојано ќе се унапредува и ќе се развива. Во следниот период, сите приклучени форми ќе бидат и соодветно брендирани, со што граѓаните ќе знаат кој субјект е дел од „Мој Карпош“, се наведува во соопштението од општината.
Ново на Сител
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем