-->
-->
Ставен под контрола големиот пожар на грчкиот остров Хиос
-->
Противпожарната служба на Грција со возила, авиони и хеликоптери и со помош на волонтери успеа да го стави под контрола пожарот на грчкиот остров Хиос, без да биде потребно да се евакуираат селата што се во непосредна близина, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, пожарот избил утрово во шумскиот дел меѓу две села, а со оглед на тоа дека огнените јазици стигнале на 100 метри од куќите, локалните власти биле подготвени, а месното население известено, за доколку биде потребно, да се изврши евакуација.
Како што соопштија од Противпожарната служба на Грција, во гаснењето на пожарот учествуваат 27 пожарникари со девет возила, еден пешадиски тим, два хеликоптери и два авиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид