Ставен под контрола големиот пожар во близина на Атина
– Под контрола е ставен големиот пожар што кусо пред полноќ изби во населбата Неа Макри во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно беа евакуирани жителите на две населби, јави дописничката на МИА од Атина.
Огнената стихија предизвика штета на неколку куќи, а целосно изгореа неколку автомобили, додека пак во гаснењето учествуваат 112 пожарникари со пет пешадиски тима, 36 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.
Пожарот започна од две жаришта во близина на населени места и преку порака од бројот за итни случаи 112 превентивно беа евакуирани жителите на две населби.
Општината го отвори културниот и спортски парк за да преноќат евакуираните, а обезбедени беа и автобуси за транспорт.
Причините за пожарот, засега се непознати, но градоначалникот на општина Маратонас Стерјос Циркас, говорејќи за „Етнос“ израз 100-процентна убеденост дека е подметнат и потсети дека во истиот дел, пожар имаше и пред десет дена.
Ново на Сител
-

По нападите врз Иран скок на цената на нафтата
-

Нова војна меѓу Израел и Хезболах: Во израелски напади врз Бејрут загинаа 31 лице, луѓето масовно бегаат од градот
-

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
-

Британската база на Кипар погодена од ирански дрон
-

Доделување на новинарските награди од конкурсот на тема за загадувањето на воздухот
-

Во Кувајт се урна американски Ф-15, пилотот се катапултираше
-

Без струја дел од корисниците на село Орман
-

Облачно со услови за утринска магла
