Ставен под контрола големиот пожар во близина на Атина
– Под контрола е ставен големиот пожар што кусо пред полноќ изби во населбата Неа Макри во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно беа евакуирани жителите на две населби, јави дописничката на МИА од Атина.
Огнената стихија предизвика штета на неколку куќи, а целосно изгореа неколку автомобили, додека пак во гаснењето учествуваат 112 пожарникари со пет пешадиски тима, 36 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.
Пожарот започна од две жаришта во близина на населени места и преку порака од бројот за итни случаи 112 превентивно беа евакуирани жителите на две населби.
Општината го отвори културниот и спортски парк за да преноќат евакуираните, а обезбедени беа и автобуси за транспорт.
Причините за пожарот, засега се непознати, но градоначалникот на општина Маратонас Стерјос Циркас, говорејќи за „Етнос“ израз 100-процентна убеденост дека е подметнат и потсети дека во истиот дел, пожар имаше и пред десет дена.
Ново на Сител
-
Германска министерка предупредува на глобален пад на правата на жените
-
Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија
-
Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат
-
УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата
-
Циклонот Алфред се движи кон копно, милиони Австралијци остануваат во своите домови
-
Уапсен 30 годишен охриѓанец, проголтал кесичка со дрога за да не ја пронајде полицијата
-
18 годишник со „мерцедес“ излетал од патот Прилеп-Македонски Брод, повредени две лица
-
Приведен 56 годишен дилер во Охрид