Ставен во мирување штрајкот на судската администрација
Штрајкот на судската администрација е ставен во мирување, соопштија денеска Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација.
Судската и извршната власт, истакнуваат во соопштението, со својот игнорантски однос и незаинтересираност кон штрајкот и барањето на штрајкувачите во изминатите 58 дена, како и незаконското казнување на штрајкувачите со задршка од нивните плати од 40 проценти, создадоа невиден хаос во судовите и сакаат да предизвикаат поделеност и не единство меѓу вработените со цел да го скршат штрајкот.
- Имајќи го во предвид изнесеното, а согласно Законот за судовите, според кој годишните одмори во судовите почнуваат од 15 јули и за овој период се извршуваат само нужни работи, односно уште помалку работи од колку за време на штрајк, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА зазедоа став дека за овој период штрајкот ќе мирува. Иако Синдикатот и ЗСА донесоа ваков став, тоа не значи дека штрајкот се прекинува. Зависно од тоа, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА дополнително ќе го определат датумот на продолжување на штрајкот со полн интензитет, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.
Доколку штрајкувачите по ставањето на штрајкот во мирување се соочат со притисоци и закани од судската власт, според Синдикатот и Здружението, штрајкот ќе биде активиран и ќе продолжи со поголем интензитет од досегашниот.
Синдикатот на УПОЗ и ЗСА информираат и дека во наредниот период ќе обезбедат средства и финансиски ќе ги помогнат штрајкувачите кои, како што се вели во соопштението, на незаконски и безобразен начин би биле казнети со задршка од нивните плати.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана