Ставридис: Македонија треба да биде следна држава во НАТО
Поранешниот командант на Северноатлантската алијанса, генералот Џејмс Ставридис, во изјава за Гласот на Америка истакна дека Македонија е следна држава која треба да се приклучи кон НАТО.
- Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот со името, со што ќе се отвори врата за Македонија да влезе во НАТО. Мислам дека Македонија е следна држава која ќе се приклучи кон Алијансата, изјави генерал Ставридис.
Тоа, спроед него, би бил следен чекор кон обединување и зацврстување на Балканот.
Гласот на Аметика потсетува дека и потпретседателот на САД Мајк Пенс, во име на претседателот Доналд Трамп, на почетокот на месецов, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја истакна поддршката на САД за евроатлантската интеграција на Македонија.
- Пенс истакна дека САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската аспирација кон Македонија, и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите, кои ќе го забрзаат нејзиниот пат во тој правец, соопшти тогаш Белата куќа.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по изборот на новата Влада, порача државата да ги спроведе потребните реформи, вклучувајќи владеење на правото, со цел да го забрза нејзиниот пат кон евроатлантската интеграција.
- Како што Скопје ќе напредува, НАТО ќе продолжи да обезбедува поддршка, преку нејзината канцеларија во главниот град, рече Столтенберг.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди