-->
-->
Стефан Јанев не ја разгледува идејата да остане премиер на Бугарија
-->
Идејата привремената влада на Бугарија да стане редовна е егзотична. Така го коментираше предлогот на политичката партија „Исправи се! Мафијата надвор! техничкиот премиер Стефан Јанев.
Како „многу далечна и скоро невозможна хипотеза“, тој ја дефинираше идејата да б иде редовен премиер.
– Нема таков предлог, затоа нема што да се разговара и коментира, изјави Јанев.
– Мора да бидеме трпеливи и смирени и да ги оставиме партиите да ја завршат својата работа
Според него, избраните партии добро ја знаат својата одговорност.
– Тоа треба да помине преку гласање во парламентот. Пред тоа, претпоставувам дека треба да поминеме низ многу сериозни преговори, кои ќе бидат првенствено преговори за коалиција што ќе предложи нешто такво, рече Јанев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови
-
Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради
-
Митрополит г. Петар: Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени