Стефанова не открива детали од распитот во Обвинителството
Пет часа траеше распитот на Обвинителката Лиле Стефанова за случајот „Рекет“.
Во изјава за медиумите таа вели дека не може да открие детали од исказот кој го давала како сведок пред Обвинителката Ивана Трајчева.
Објасни дека се што можела да каже за јавноста го изнела во изјавата која ја дала минатата недела преку соопштението објавено на интернет страницата на СЈО.
Таа во него објасни дека без нејзино знаење се однесувале одлуки за Империја, случај која таа го води а каде осомничен е Орце Камчев.
Инаку од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдуваат дека на распит треба да дојде и Катица Јанева но не откриваат кога тоа ќе се случи.
Стефанова е втора обвинителка од СЈО која дава исказ за Рекет. Вчера на распит беше Обвинителката Елизабета Јосифовска.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден