-->
-->
Стефановски на чекор до македонскиот рекорд
-->
Македонскиот пливач Мартин Стефановски денеска го имаше вториот настап на Универзијадата во Гвангжу, Јужна Кореја. Тој во трката на 50 метри слободно исплива време 24.41 секунда и беше за осум стотинки послаб од неговиот воедно и македонски рекорд испливан во Бања Лука 2012 година - 24.33 секунди. Постигнатото време е во границата на неговите можности. Стефановски настапи и на 50 метри пеперутка.
На Универзијадата пливаше и Горазд Чепишевски кој собори два македонски рекорда на 50 и на 100 грбно.
На 11.јули во трката на 10 километри ќе плива Евгениј Поп-Ацев, додека следниот ден свој настап во таеквондо ќе има и Петра Матијашевиќ во категоријата +73 килограми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари