Македонија
24. December 2021 - 18:28

Стефковски: Гази Баба го усвои Буџетот за 2022 - предвидени градинка, фекална канализација, асфалтирање на улици...

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот Фејсбук профил информираше дека Општина Гази Баба го усвои Буџетот за 2022 година со кој се предвидуваат изградба на градинка, фекална канализација, асфалтирање на улици...

- Усвоен буџетот за 2022 година!

Советот на општина Гази Баба, денес го усвои Буџетот за 2022 година.

Во Буџетот, се определени средства за:

Нова детска градинка

Нова училишна спортска сала во Булачани

Фекална канализација за Гоце Делчев, Јурумлери, Страчинци, Црешево, Смилковци и Трубарево

Продолжување на градбата на салата во училиштето во Стајковци

Асфалтирање на улици во Јурумлери, Трубарево, Инџиково и сите други населени места

За прв пат се воведуваат субвенции за граѓаните за велосипеди, електрични тротинети, уреди за вградување на течен нафтен гас на автомобилите и чистење на оџаците, како и продолжување на субвенциите за инвертер клима уреди и печки на пелети.

Како и многу други проекти од сите области на секојдневното живеење.

Буџетот за 2022 година е најразвојниот буџет во историјата на општината.

Следува година на реализација на голем број на проекти. Општина Гази Баба мораме и ќе ја направиме подобро место за живеење.

За тоа го имате мојот збор! - напиша Стефковски.