Стефковски: Хиподром 2 добива патна инфраструктура
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потпишаа договор за имплементација на проектот за изградба на улици во Хиподром 2.
Утрово заедно со Министерот Благој Бочварски го потпишавме договорот помеѓу општина Гази Баба и Министерството за транспорт и врски за имплементација на проектот за изградба на улици во Хиподром 2.
Среќен сум што по долги години, жителите на Хиподром 2 конечно ќе добијат патна инфраструктура.
Овој договор се склучува согласно Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка.
Со договорот се обезбедуваат финансиски средства во висина од 45.013.572 денари како грант за општина Гази Баба преку Светска банка.
Целосната постапка за избор на економски оператор кој ќе ги реализира градежните работи е завршена и веднаш по добивањето на согласноста за сообраќајниот режим од Министерството за Внатрешни работи ќе започнат градежните активности на терен.
Претходно општина Гази Баба ја обезбеди целосната проектно – техничка документација за изградба на локалните улици во Хиподром 2“ – напиша Стефковск на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот