Стефковски: Не добивме покана од град Скопје за одбелжувањето на 13 Ноември
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на фејсбук го честиташе 13 Ноември, Денот на ослободувањето на град Скопје.
- Честит 13ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје.
Денес кога се одбележуваат 78 години од ослободувањето на главниот град на нашата татковина, наша должност е да оддадеме почит и да ги споменеме оние 426 борци кои ги положија своите животи и се вградија во слободата на Скопје.
Нивниот лик и дело, никогаш нема да бидат заборавени. Затоа што секоја жртва за Македонија се памети вечно.
За жал оваа година за прв пат по долги години, општина Гази Баба нема да има своја делегација на одбележувањето на денот на ослободувањето на Скопје, бидејќи не добивме покана од градот Скопје.
Нека ни е честит 13ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје! - напиша Стефковски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
