-->
-->
Стејт департмент: Северна Кореја не дава знаци дека сака сериозно да преговара
-->

Стејт департментот соопшти дека Вашингтон сака да води дијалог со Северна Кореја „во овој момент“, но тоа не може да се случи сега бидејќи Пјонгјанг не пројавил подготвеност да ја запре нуклеарната и ракетната програма.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт изјави дека прво треба да има „период на спокојност“ во кој Пјонгјанг ќе ги запре своите нуклеарни и ракетни проби пред да почнат какви било преговори.
Претходно, државниот секретар Рекс Тилерсон нагласи дека „услов за такви преговори е дека нема иднина за Северна Кореја со нуклеарно оружје“.
- Државниот секретар не воведува нова политика. Политиката не е променета, изјави Науерт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
