-->
-->
Стевче Стефановски заминува од Пелистер
-->
Стевче Стефановски, познатиот ракометен голман и поранешен селектор на ракометната репрезентација, кој пред шест месеци беше избран за главен координатор на ракометните екипи во РК „Пелистер“, поднесе оставка.
Во обраќање до јавноста, Стефановски, кој воедно и раководител на Одделението за катастар и недвижности во Битола, ги образложи причините за оставката и се заблагодари на општина Битола, која како 100 процентен акционер е сопственик на РК „Пелистер“.
- Им благодарам на луѓето од општина Битола со кои имав добра соработка, но мислам дека професионалните обврски не ми даваат простор да се посветам на овој проект како што замислувам и затоа поднесувам оставка. Кога пристигнав наидов на тешка ситуација, клубот беше во долгови и со само тројца младинци. Успеавме да вратиме 40.000 евра долгови на старите управи, да го организираме клубот и да изградиме млада екипа. Денес клубот никому не должи, имаме перспективна екипа и верувам дека со продолжување на систематска работа, резултатите ќе дојдат во наредните сезони. Организациски направивме многу работи важни за развојот на клубот. Ја реновиравме спортската сала, го отворивме прес-центарот и клупските простории, посочи Стефановски.
Како што е познато, со одлука на Советот на општина Битола, Ракометниот клуб „Пелистер“ е во целосна сопственост на локалната самоуправа. РК „Пелистер“ се натпреварува во Вип-машка супер ракометна лига и во овој дел од сезоната се наоѓа на седмото место на табелата со освоени 15 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот