Стигна потребниот мазут за загревање на прилепската болница

Прилепската болница доцна попладнето ги доби потребните количества мазут за загревање на просториите. Од добавувачот пристигнаа 20 тони, доволни за наредниот период и до новата испорака. Деновиве болницата ги трошеше последните количества и поради доцнењето на испораката, просториите ги дозагреваше со грејни тела.
Според Кети Смилеска, директорка на Општата болница со проширена надлежност, функционирањето е непречено и немаше проблеми за 60-тината хоспитализирани пациенти од кои 30 се со Ковид на инфективното одделение.

-Пристигнаа потребните количества мазут за затоплување на просториите на болницата. Количествата се 20 тони и се доволни до временскиот период додека да стигне наредната порачка од добавувачот. Добавувачот навреме не си ги исполни обврските за доставата на потребните количества, но тоа не беше пречка за да бидат затоплени просториите и да нема проблеми ниту за пациентите, ниту за вработените, изјави Смилеска.
Договорот со актуелниот добавувач е едногодишен и истекува на 3 март. Уште пред истекот на договорот, болницата ќе бара одобрение од Бирото за јавни набавки за предвреме да спроведе нова процедура за да не се доведе во ваква или слична ситуација.
– Ќе ја следиме состојбата и ќе се обратиме до Бирото за јавни набавки за да ни овозможи предвреме да распишеме објава за набавка на овој вид мазут за да имаме обезбедено навреме и да не се доведеме во ваква ситуација. Ние паралелно ќе имаме и редовен тендер за снабдување со мазут и предвреме ќе обезбедиме нова, скратена постапка за што ни е потребно одобрение од бирото за јавни набавки, изјави Кети Смилеска, директорка на општата болница со проширена надлежност од Прилеп.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
