Македонија
1. September 2015 - 14:27

Стипендии за најдобрите 20 основци и средношколци од општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трјкоски денеска на првиот училишен ден врачи 20 стипендии на најдобрите 20 ученици од основно и средно образование од селата во рамки на општината за тековната учебна 2015/2016 година.

Станува збор за континуирано стипендирање на најдобрите ученици што се спроведува веќе трета година, а се доделува парична помош од илјада денари месечно за најдобро рангираните основци и 1.500 денари за најдобрите средношколци од Дебрца.