Стивен Содерберг ќе снима филм за „Панамските документи“

Американскиот филмски режисер, продуцент и сценарист, Стивен Содерберг ќе снима филм посветен на аферата „Панамски документи“, која разотрки голем број политичари, славни личности и криминалци, кои користеле офшор компании за перење и прикривање пари.
Сценариото за филмот ќе биде изработено врз основа на книгата „Secrecy World“ на добитникот на Пулицеровата награда, Џек Бернштајн.
Бернштај беше еден од новинарите на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари кои ја открија аферата и најави дека во неговата книга ќе обелодени и досега непознати детали.
„Панамските документи“ содржат 11,5 милиони документи на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ од Панама, во кои се споменуваат и имињата на 12 актуелни и поранешни светски лидери, 128 политичари, милијардери, славни личности и спортски ѕвезди.
Содерберг во 2000 година добир Оскар за режија на филмот „Шверц“, а во 1989 година Златна палма за филмот „Секс, лаги и видеоленти“.
Славниот режисер ги потпиша и хитовите „Ерин Броковиц“, како и „Единаестмината на Оушн“ и две негови продолженија.
Ново на Сител
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
