СТО: Коронавирусот значајно ќе влијае врз глобалната трговија
Епидемијата на коронавирус значајно ќе влијае врз глобалната трговија, предупреди првиот човек на Светската трговска организација (СТО) Роберто Азеведо, предвидувајќи ги првите конкретни показатели во следните недели.
„Последиците во глобалната економија веројатно ќе бидат значајни и ќе почнат да се покажуваат во трговските податоци во следните недели, рече Азаведо пред амбасадорите собрани на затворена средба во Женева.
Меѓу темите бил и јунскиот состанок во Казахстан, на кој министрите од земјите членки на СТО, меѓу другото, ќе се обидат да постигнат договор за субвенционирање во земјоделието, интернет трговијата и рибарството.
„Што се однесува до МЦ-12, се држиме до планот. Доколку ситуцијатара побара, ќе ги преземеме сите потребни мерки“, рече Азаведо.
На средбата во Казахстан треба да присуствуваат неколку илјади лица, напоменуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија